Современата танчерка и кореографка, Матеа Киселичка, вечерва, на покана на Амбасадата на Македонија во Кина, ќе настапи на „Гала вечерта“ во рамки на „Пролетниот фестивал“ во Куншан (Кина) со која се одбележува соработката помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа.

Во „Гала вечерта“, на која ќе присуствува дипломатискиот кор, како и значајни личности и уметници од Кина и Европа, ќе настапат повеќе уметници од различни категории, кои ги претставуваат своите земји и ја промовираат соработката која се одвива во последните неколку години. Настанот има за цел да ја обедини суштината на традиционалната и современата уметност на земјите учеснички, користејќи високотехнолошки и аудиовизиуелни методи за репродукција на врвните достигнувања на нивната култура и уметност.

Киселичка, која со овој настап ја претставува нашата земја, ќе настапи со своја кореографија, која содржи етно елементи од македонксите народни и традиционални ора, моделирани преку вокабуларот на современиот танц. Музиката е на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, „Еј ти момче Охриѓанче“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.