На 12 февруари со почеток од 14 часот, во ХАУ2 театарот во Берлин, Лабина и Теона Митевски, ќе одржат Мастер клас во рамки на програмата “Берлинале талентс” на Берлинскиот филмски фестивал.

Мастер класот ќе биде модериран од филмскиот куратор Џамила Грандитс и има за цел да фрли светлина на начините на кои Теона Стругар-Митевска ги развива своите филмови, а со публиката ќе се разговара за многу специфични детали околу снимањето, мотивот и личната инспирација за филмот. На мастер класот ќе се дискутира и околу личните ставови на режисерката и продуцентката и нивните генерални мислења околу тоа како тие го третираат филмот: како алатка, или можеби оружје кое поттикнува социјални и политички предизвици и какви прашања би можеле да произлезат од тоа на едно многу повисоко ниво”, посочија од продукцијата на филмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.