Европскиот ден на јазиците, празник прогласен од Советот на Европа и поддржан од Европската унија на 6 декември 2001 година, оваа 2019 година во Софија ќе биде одбележан со манифестацијa во Националниот музеј „Земјата и луѓето“ (бул. „Черни врх“ 4) на 26 септември, со почеток од 17:00 часот (до 20:30 часот).

КИЦ на РСМ во Софија за трета година по ред ќе учествува на оваа значајна манифестација, која има за цел да го одбележи Европскиот ден на јазиците со разнородна програма за посетителите. Тие ќе имаат можност да учествуваат во интерактивни игри со сложувалки и цртежи, крстозбори, блиц квизови, демонстративни бесплатни часови, “speak dating”. Освен можноста да бидат научени нови зборови на различни јазици, има предвидени и подароци за присутните.

На штандовите определени за 17 јазици, посетителите ќе имаат можност да научат интересни факти за европските јазици и идни културни настани, а исто така, ќе имаат можност да поразговараат со претставници на различните културни центри на различни теми – музика, природа, култура, културно наследство. Штандот на КИЦ на РСМ во Софија ќе биде претставен од режисерот и актер Ѓорги Ѓоргиев – Антика со своја програма.

Настанот е иницијатива на мрежата на културните центри на земјите од Европската унија (EUNIC) и европската комисија, во организацја на: Британски совет, Чешки центар, Институт Сервантес, Европска комисија ГД „Писмени преводи“, Француски Институт, Гете Институт, Центар за развој на Човечките ресурси, Унгарски Културен Институт, Италјански Културен Институт, Полски институт, Амбасада на Австрија, Амбасада на Финска, Институт за бугарски јазик при БАН, Амбасада на Словачка, Амбасада на Шведска, Амбасада на Романија, ОПТИМА, Португалски културен и јазичен центар, Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Софија, Амбасада на Грузија, Амбасада на Норвешка, Амбасада на Данска, Амбасада на Хрватска, Руски културно-информативен центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.