Во петок во МКЦ ќе се одржи промоција на монографијата „Македонска дискографија-винили (19858-2019)”, прв том, на авторот Тошо Филиповски.

Техничките перформанси на ова печатено издание се: претставување на 333 винилни изданија на околу 480 страници во боја, А4 формат. Подарок со секоја монографија е компилациската плоча со 12 актуелни македонски рок бендови: „Колку гласно морам да викнам за да ме чујат?”

Промотори на монографијата се Бранка Костиќ – Марковиќ и Ѕвездан Георгиевски.

Претставувањето на монографијата ќе започне во 21:15 часот, но пред самата промоција ќе се случат и две помали промоции на компилациски плочи – 19:45 слушачка промоција на LP компилација „Колку гласно морам да викнам за да ме чујат?” – (Corpus Delicti Records), 20:30 слушачка промоција на LP компилација „Има ли забава – Macedonian new wave 1981-1985″ – (Corpus Delicti Records).

Од 21:45 ќе се одржат неколку концерти, а од полноќ проекција на филм.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.