Манифестацијата „Маџирмаалски поетски бранувања“ годинава ќе се одржи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје на 13.12.2019 година (петок) со почеток во 12 часот.
На манифестацијата ќе бидат доделени главната награда „Маџирмаалски поетски бранови“ за 2019 година и две придружни награди за песни кои содржат мотиви поврзани со Маџир Маало и тематско-содржински кореспондираат со заложбите за афирмација на урбаниот живот, навиките и традициите.
Освен наградените автори, на поетското читање ќе настапат и другите поети кои имаа испратено свои песни на конкурсот што беше распишан во текот на месец ноември, а своја песна ќе прочита и почесниот претседател на манифестацијата Илко Димитриески.
Организаторот на сите учесници ќе им додели ЦД со снимка од минатогодишното издание на оваа поетска манифестација и од традиционалните „Маџирмаалски средби“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.