Во музејот „Лувр“ во Париз, Франција конечно е отворена една од најскапите светски уметнички изложби за одбележување на 500-годишнината од смртта на Леонардо да Винчи.

„Лувр“ домот на Мона Лиза, ги отвори своите врати за изложба на повеќе од 160 слики и цртежи од времето на ренесансата. Некои од сликите и цртежите се  позајмени од кралицата Елизабета Втора, Бил и Мелинда Гејтс.

Изложбата, која се очекува да привлече повеќе од половина милион посетители во текот на следните четири месеци, има цел да обезбеди подлабоко разбирање на методите на работа на уметникот користејќи ги неговите тетратки, технологија за инфрацрвени слики и виртуелна реалност.

Леонардо да Винчи бил инженер, дизајнер, научник и уметник, кој бил фасциниран од човечката форма и однесувањето на животните и растенијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.