Претседателот на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Љутков, при гостување во емисјата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа изјави дека власта има за цел да ги уништи националните институции со поставување на директори кои се спортисти и немаат врска со култура.

Ова се прави со намера да се уништат сите национални институции. Тоа е и целта. Со законот дека националните институции треба да се фрлат на локална самоуправа, а која не е подготвена да ги прифати, а со овие постапки треба да се покаже тоа. Самата министерка  која го заговара новиот Закон за јавниот интерес во културата, во интервју призна дека не се способни да го спроведат законот, ни да направат децентрализација – потенцира Љутков.

Тој истакна дека по назначувањето на директорите на културни институции, а кои се од спортот, но и со самиот закон, само се легализираат скандалите на власта.

Многу малку луѓе од националните институции се вклучени во креирањето на законот. и се гледа дека е правен од себични причини. Еднаш треба да се стави крај на партизацијата и гмечењето на културата. Уметниците треба да го кренат гласот и треба да стават вето на несоодветното поставување на несоодветни директори на институциите – изјави Љутков.

Љутков посочи дека многу е јасно што се работи, а тоа е се што е национално да го нема и да се направи штета на националната култура.

Велат дека се е национално, ама со законот што го туркаат се губи националното и нема ништо македонско. Овој закон  е недозволиво да помине, ќе направи голема штета на националните интереси и голема штета на уметниците – нагласува Љутков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.