Културата е згасната во сите дејности, но во секое владеење на СДСМ, културата никогаш не била нивен приоритет и секогаш била предмет на коалициски пазар. Тоа може да го видите и по тоа што во изминативе 4 години сменија 4 министри за култура и секој министер е осуден на неуспех, вели Зоран Љутков, претседател на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ на панел дискусијата во организација на ВМРО – ДПМНЕ, а насловена како „4 години Заев, 4 години украден живот, доста е“.

Љутков нагласи дека единствено што гледа СДСМ е како да ги задоволи потребите на невладините и активистите на „Шарената револуција“

Донесоа национална стратегија која не успеаја да ја реализираат, па се вадеа дека треба да се донесе нов закон кој има само една цел, а тоа е да се исполнат желбите на луѓето од „Шарената револуција“ и дел невладини кои го пишувале Законот, што едно со друго нема допирни точки, изјави Љутков.

Љутков истакна дека власта толку не работи на полето на културата  што во овие 4 години тие не можат и да ги одржуваат објектите, не можат да го одржуваат ни она што ВМРО- ДПМНЕ го изгради или да ги завршеше тие кои беа започнати да се прават, туку ги оставија да тонат и да ги гази времето.

Не можат да донесат никаква реформа и немаат капацитет и затоа во културата сме сведоци на бројни скандали како во Агенција за филм, со филмскиот фонд, театар Комедија, Музеј Битола, театарот во Тетово како и најновиот проблем со директорот во Струмица.  Нема никаде инвестиции ниту во аудиовизуелни добра, ниту во творештвото, нема ниту во заштита на културно наследство иако имаа најава дека ќе направат голем бум, но има пад, потенцира Љутков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.