Љубомир Мелник, најбрзиот пијанист на светот, воедно и композитор, доаѓа во Скопје. Македонскиот културен центар го најавува концертот во зградата на скопската пошта за 22 август во 21 часот.

Мелник беше наречен „Пророк на пијано“ поради неговата животна посветеност на инструментот и за неговата работа во поместувањето на границите на тоа што може да се направи со него. Користејќи ги своите неверојатни пијано способности за да генерира над 19,5 ноти во секунда во секоја рака, тој е најбрзиот пијанист на светот.

Од раните 1970-ти произведе неверојатен опус од повеќе од 120 дела, повеќето за соло или двојно пијано и отвори целосно нови патеки во современата музика.

Билетите чинат 500 денари и се во многу ограничен број на билетарницата во МКЦ како и на интернет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.