Општина Илинден, во насока на промовирање на современите културни достигнувања, ја организира 21-та по ред Литературна манифестација „Илинден“.

Годинава, оваа престижна манифестација која што најде почесно место во календарот на македонските културни случувања, ќе има поинаков облик на одржување.

Поради актуелната ситуација и забраната за организирање на јавни собири, со цел да не им се одземе можноста на љубителите на поезијата да уживаат во убавината на пишаниот збор, за првпат се организира Литературна е-манифестација „Илинден 2020“.

На 21 Литературна манифестација „Илинден“ стиховите директно ќе се излеваат во домовите на почитувачите на пишаниот збор преку веб страната на општина Илинден (www.ilinden.gov.mk).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.