Академик Људмил Блажев и неговиот колега Петар Бељашки од соседна Бугарија, Вахид Тахан и Ајсиџу Калкан од Турција, Сајбир Амети од Албанија, творци од Србија, Иран, Грција, Италија, Русија, Украина, САД, Германија, Косово, Словенија…и нашите реномирани автори како Павле Кузмановски, Данчо Ордев, Новица Трајковски, Драги Хаџи Николов, Ставре Димитров – Стадим и Драги Најденовски се само некои од 60-те ликовни уметници кои се учесници на 25-то издание на колонијата „Кавадарци/Михајлово“.

Годинава колонијата одбележува 25 години постоење, но, наспроти јубилејот и сознанието дека станува збор за „една од најголемите во регионот и во Европа“, организаторите Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ и Општина Кавадарци, во случајов останаа „заборавени“ од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Едноставно, како што велат, Комисијата која ги распределувала средствата на Конкурсот за национални проекти „не нашла за сходно позитивно да се изјасни по ниту еден од нивните приговори“, пишува „Радио слободна Европа“.

Целиот текст овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.