Во организација на Културно-информативниот центар „Романса” во Македонска Каменица ќе се одржи Летно кино на отворено.

Активноста, како што информираше директорот на КИЦ „Романса”, Гоце Стојановски, ќе се одвива во периодот од 22 до 24-ти август.

– Бесплатните филмски проекции ќе се прикажуваат во Паркот на рударите пред Домот на Култура во Македонска Каменица.

Овие три вечери почнувајќи од 21 часот, публиката од Македонска Каменица, но и сите останати љубители на филмската уметност ќе може да проследат детски анимирани филмови, но и играни филмски остварувања, рече Стојановски.

Тој упати покана до граѓаните да бидат дел од активноста на КИЦ „Романса”.

– Претходно имавме детски кино проекции кои беа доста посетени, така што очекуваме така да биде и сега. Граѓаните слободно можат да дојдат и да погледнат кино проекција со своите најмали, додаде Стојановски.

Повеќе детали околу програмата и термините за филмските проекции на „Кино на отворено” од КИЦ „Романса” најавија за во следниот период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.