Во трката за „Роман на годината“ на фондацијата „Славко Јаневски“, остануваат шест романи: „Страв од варвари“ од Петар Андоновски, „Последното име на иднината“ од Живко Грозданоски, „Земја на бегалци“ од Кица Колбе, „Маџун“ од Влада Урошевиќ, „Утеха за голите“ од Давор Стојановски и „Некој бил тука“ од Нина Андова Шопова.

Романот на годината се избира од страна на стручна жири-комисија во состав: Фросина Пармаковска (претседател), Богомил Ѓузел, Елизабета Баковска, Александар Прокопиев и Катерина Богоева.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 20-ти пат. Неа ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ во партнерство со Град Скопје и Културно-информативниот центар од Скопје и со финансиска поддршка на Министерството за култура. Генерален спонзор на наградата е „Комерцијална банка“ АД.

Фондацијата „Славко Јаневски“ годинашниот лауреат ќе го соопшти на 15 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.