Од домашните кинотечни бисери денеска во Кинотека ќе биде прикажан КАДЕ ПО ДОЖДОТ (Where After the Rain) во режија на Владан Слијепчевиќ (Vladan Slijepcevic). Со Али Ранер, Илија Џувалековски, Олга Спиридоновиќ и Станислава Пешиќ во главните улоги, овој македонски филм од 1967 година ја раскажува сторијата за Лела, ќерка на родители чие учество во војната им овозможило успешни кариери. Таа ги има сите предуслови за лесна и богата егзистенција. Можеби затоа, младата девојка се спротивставува на малограѓанското разбирање на животот.

30 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 17:00 ч.

ЛАРС И БАРОНОТ

(Tjuvjägaren / Lars and the Baron)

Игран филм, Шведска

2016, 97 мин, колор, ДЦП

Режија: Џон Торнблад (John Thornblad)

Сценарио: Џон Торнблад, Рикард Шмит (John Thornblad, Ricard Schmidt)

Улоги: Никлас Фалк, Илва Лоф, Ленарт Хјулстрем (Niklas Falk, Ylva Lööf, Lennart Hjulström)

Шведска на крајот на 19 век. Ларс Ериксон и неговата сопруга мора да се преселат од градот во пештера која е лоцирана во шума, во сопственост на локален барон. За да ги преживее лошите услови, во сиромаштија, Ларс започнува со ловокрадство.

Тоа не му се допаѓа на баронот, па му наредува да престане. Ларс, кој не е тип на човек кој сака да прима наредби, си продолжува по свое и го исмева баронот. Конфликтот меѓу двајцата мажи ескалира сè додека грофицата, која наследила богатство, не ги покани двајцата на нејзината годишна забава на лов. Ларс и баронот, поради мудриот надзор на грофицата, ќе мора да бидат љубезни еден со друг барем на еден ден.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

30 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 19:00 ч.

КАДЕ ПО ДОЖДОТ

(Where After the Rain)

Игран филм, Македонија

1967, 91 мин., црно-бел, 35 мм

Режија: Владан Слијепчевиќ (Vladan Slijepcevic)

Сценарио: Јован Ќирилов (Jovan Kjirilov)

Улоги: Али Ранер, Илија Џувалековски, Олга Спиридоновиќ, Станислава Пешиќ (Ali Raner, Ilija Dzuvalekovski, Olga Spiridonovic, Stanislava Pesic)

 

Лела е ќерка на родители чие учество во војната им овозможило успешни кариери. Таа ги има сите предуслови за лесна и богата егзистенција. Можеби затоа младата девојка се спротивставува на малограѓанското разбирање на животот.

Момчето за кое треба да се мажи, во почетокот така инспиративно во своите постапки и размислувања, сега значи уште едно разочарување повеќе. Некогаш туѓ, конформизмот и за него станува единствен начин на живот. Поради тоа, при една случајна средба, Лела му се подава на едно сосема непознато момче.

Не можејќи до крај да се спротивстави на наметнатите норми на средината во која се наоѓа, таа го прифаќа и го прави она што другите го очекуваат и го бараат од неа. Филмот завршува со текстот: „Постои време за плач и време за смеа… време кога се стекнува и време кога се губи“, од Книгата на Пророкот, глава 3.

КАДЕ ПО ДОЖДОТ во 1967 Меѓународниот филмски фестивал во Авелино ја доби наградата „Лацено д’Оро“.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.