Резултатите од Годишната програма на Министерството за култура за финансирање на дејности од областа на културата, предизвикаа бура од реакции меѓу културните работници.

И уште ова, наjдобронамерно кон Министерството за култура: Овој тендерски начин на конкурирање е сосема несоодветен, непотребен и треба да се укине. Во годишната програма издавачите не конкурираат за исти книги кои се предмет на тендерот па да се оценува кој за тие книги нуди најдобри услови, или најниска цена, како што е вообичаено кај нас.
Овде се работи за издавачки програми, уредувачки профили, градени со години, кој успешно, кој помалку успешно, кој препознатливо и доследно кој…
Не ја убивајте душата на издаваштвото и творештвото!, напиша Ненад Стевовиќ, од издавачката куќа „Или-Или“ на социјалните мрежи.

За Тошо Филиповски ваквата распределба е поразителна и ги повика Премиерот и сите оние, како што вели, „ кои се декларираат дека и мислат добро на културата во Македонија, а се сега на позиција на влас, да се произнесат по резултатите од овој конкурс.“.

Изгледа до тука било со мојот оптимизам-ентузијазам и желба за пишување/архивирање и објавување на материјали кои ќе ја регистрираат/одбележат историјата на Македонската Музичка Култура….пред се УРБАНА музика…..НИТУ претходните, ниту овие имаат слух/желба/визија да сочуваат дел од Македонското културно богатство…Македонската рок култура…..конкретно …”Македонска Музичка Дискографија – винили (1963-2019)”. До тука било…….не верувам дека имам сили и понатаму да пишувам…..ќе ми треба сериозно време за да се соземам…..Очигледно дека пренаивно верувам дека доаѓањето на позиција на луѓе кои пораснале низ рок сцената или и самите свиреле во бендови…..можат да ги сфатат потребите од сочувување од исчезнување на НИВНИОТ музички
ТРУД….а ги има побајаги во структурите на власт….ама сега поинаку размислуваат изгледа…..

BY THE WAY….НАВИСТИНА очекувам некој од ОНИЕ кои се декларираат дека и мислат добро на културата во Македонија….а се сега на позиција на ВЛАСТ….да се произнесат по резултатите од овој конкурс…ЌЕ ИМААТ ЛИ ДОБЛЕСТ барем да кажат…ете, ние ја подржуваме одлуката на КОМИСИЈАТА и на МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА НА Р. МАКЕДОНИЈА…..или пак нека се оградат….ПРЕМИЕРЕ, ги читате вие овие резултати…онака попатно? После ова ќе снемаме квалитетна култура…..а не пак да ја надградиме постоечката…, напиша Филиповски на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.