КУД Илинден Битола ја започнува своја концертна сезона со големиот концерт кој во недела на 20 јуни ќе се одржи во прекрасниот амбиент на Пациото на Завод и Музеј Битола.

На концертот ќе биде изведена богата програма на сите групи од ансамблот, детските, младинските групи, како и главниот фолклорен ансамбл на КУД Илинден Битола.

Овој концерт е увертира на бројните  активности со кои ќе ја слави уметноста на фоклорот и традицијата кои се планирани до крајот на календарската 2021 година и е вовед во она што следи, а тоа е најпрво учеството на најзначајниот фолклорен настан во Светот – 6 тата Светска фолклоријада во Уфа, Русија, во организација на ЦИОФФ, каде КУД Илинден ќе биде претставник на Македонија, заедно со врвни фолклорни ансамбли од преку 60 држави од целиот свет”-истакна Борче Димитровски, Потпретседател на КУД Илинден Битола.

На агендата на КУД Илинден, по завршувањето на Фолклоријадата во Русија е планиран музичко сценскиот проект “Приказни од чаршијата” кој ќе биде дел од официјалната програма на фестивалот ЛОКУМ ФЕСТ во Битола, а кон крајот на месец јули традиционално со Комитското ќе го отвори републичкиот фестивал на народни песни и игри Илинденски денови, каде ќе се претстави и со сценската адаптација Цапарските бабари. Во текот на летниот период е планиран специјален настан по повод промоцијата на најзначајниот пишан документ – Монографијата “65 години КУД Илинден Битола”, како и настап на фестивалот “Чувари на традицијата” во Вевчани. Исто така планирани се концерти и настапи во Крушево, Демир Хисар и Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.