Стихозбирката „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска е објавена во Италија. Книгата ќе биде промовирана на саемите за книга во Милано во април 2020, како и на најголемиот саем за книга во Италија во Торино во мај.

Италијанската промоција ќе се одржи на 14 март во Националната библиотека во Рим заедно со италијанскиот поет Лука Бенаси и гитаристот Франко Тоде.

Македонската промоција на „Крстна коска” се одржа во МКЦ и во Библиотеката „Браќа Миладиновци” во Скопје и во галеријата 365 во Охрид минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.