Краткометражниот игран филм „Награда“, дебитанското остварување на режисерката Лидија Мојсоска ќе се прикажува вечерва на МТВ во 22:15 часот.

Филмот е во продукција на „Лавиринт продукција“, во соработка со Факултетот за драмски уметности.

Приказната во филмот е инспирирана од вистински настан, кој се случил за време на верскиот празник Водици. Младиот Арбен во филмот скока по крстот со намера да ја добие паричната награда, бидејќи парите му се потребни за лекувањето на неговото помало братче.

Актерската екипа во филмот ја сочинуваат професионални актери и деца на возраст од 7 до 12 години. Ликот на Арбен го толкува Албан Лама, а во филмот настапуваат и актерите Аурита Агуши, Ердоан Максут и Викторија Анѓушева.

Бранко Аврамовски е директор на фотографија, Киријана А. Николоска е кастинг-директор и Acting Coach, а Анастасија Величковска и Бобан Петрушевски се авторија на сценографијата. Дел од филсмакат екипа се и Жаклина Крстевска задолжена за костимографијата, Братислав Зафировски во својство на мајстор на тон, а монтажата на филмот му е доверена на Михаил Димитров.

Продуцент на филмот е Петар Џуровски. Извршен продуцент е Ирина Лазарова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.