Во духот на годинешниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ и неговото официјално лого „Кажте им на облаците“ (Тell the clouds), во Битола на црвениот тепих, а и низ градот битолчани ја дополнија пораката. Со порака испишана на своите маици и на постери низ градот грагански активисти порачаа: Tell the clouds Bitola is dying! – Кажете им на облаците Битола умира!

Битола умира поради негрижата кон градот и масовното иселување поради загадувањето, а оваа порака го изразува огромното незадоволство на граѓаните кои сметаат дека е крајно време Битола да живее и Битолчани да дишат чист воздух!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.