Јужнокорескиот „Паразит“ на режисерот Бонг Јон-хо е апсолутен победник на 92. Оскари, откако освои четири награди од шест номинации. „Паразит“ е најдобар филм, Бонг Јон-хо е најдобар режисер, а ги освои и Оскарите за најдобар странски филм и за сценарио.

Хоакин Феникс го освои својот прв Оскар, за улогата на Џокер во истоимениот филм, а Рене Зелвегер својот втор Оскар за улогата на Џуди Гарланд во „Џуди“. Зелвегер има Оскар за женска споредна улога за „Студена планина“.

Бред Пит и Лора Дерн добија Оскари за најдобра машка и женска споредна улога, за ролјите во „Беше еднаш во…Холивуд“ и „Брачна приказна“.

Сер Елтон Џон доби Оскар за најдобра оригинална песна, а исландската композиторка Хилдур Гуднадотир Оскар за најдобра музика за филмот „Џокер“.

Подготвен сум да се опијам вечерва“, изјави Бонг по една од наградите, а откако неговото име неочекувано повторно беше соопштено, тој најави дека ќе прославува и малку подолго.

„Сега сум подготвен да пијам до утре“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.