Конкурсот за петтото доделување на наградата „Антево перо“, за најдобра необјавена стихозбирка на македонски јазик, ќе заврши на 28 август. Организаторот потсетува дека трудовите треба да се праќаат на електронската адреса: [email protected] и сите што во рокот ќе пратат ќе бидат учесници на поетскиот натпревар за наградата востановена во чест на поетот Анте Поповски.

Конкурсот и годинава предизвикува и побуди добар одглас, кој се очекува да резултира и да ја збогати македонската продукција со повеќе нови, но што е уште позначајно, со поквалитетни и поуверливи поетски творечки наслови и дострели. Жирито со задоволство ги евидентира пристигнатите дела од поетите од сите генерации, што само по себе значи дека и овојпат во целост е исполнета замислата со Конкурсот – пред се да стимулиура творци да се оствааруваат, да го негуваат и творат на македонски јазик – се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.