Фестивалот на европски филм „Синедејс“ објави конкурс за млади од 16 до 20 години од Скопје и Македонија, кои може да аплицираат како тимови од три до пет учесници за снимање кратки видеа на однапред зададена еко-тема.

Учесниците ќе имаат задача во рок од 72 часа да направат сценарио, да снимат и да монтираат кратко видео на тема што ќе ја одберат по случаен избор, во текот на петдневниот престој во Скопје за време на фестивалот, кој ќе се одржи од 10 до 20 јули годинава.

Рокот за пријавување е до 10 јуни 2021 до 16 часот, а повеќе информации се достапни на следниот линк.

На учесниците ќе им бидат покриени трошоците за сместување, пат, храна и акредитација за фестивалот, а за целата екипа од најдобриот филм, ќе биде обезбедена и награда од фондот на настани во МКЦ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.