Поради вонредните околности во центарот на градот, најавениот концерт на „Есенските музички свечености“ 25 години јубилеј „СВЕТА ЗЛАТА СЛАВИ“ кој требаше да се одржи на 30.11.2021 год., беше одложен и воедно Ви го најавуваме неговото одржување на 2 декември, соопштија од манифестацијата „Есенски музички свечености“

Под наслов 25 години јубилеј „СВЕТА ЗЛАТА СЛАВИ“, женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“  под диригентската палка на  Летка Димовска – Полизова и со учество на  Влатко Стефановски – гитара, Сања Шуплевска – виолина, Орце Ицковски – фагот – камерен ансамбл „Полифонија“ Давор Јордановски аранжман и клавијатури, Калина Велковска – Кали – вокал, Иван Еминовиќ – пијано, ќе изведе дела на ПРОКОПИЕВ, ШУПЛЕВСКИ, СКАЛОВСКИ, ЗОГРАФСКИ, СТОЈКОВ, ЛЕКОВСКИ, ЗАПРОВ, Д.ИМЕРИ, Д.ЈОРДАНОВСКИ, БОРТЊАНСКИ, А.L.WEBER, B.GRAHAM, B.E.KING, LARRY BRYANT.

Концертот е заажан за 02 декември (четврток) со почеток во 20:30 часот во Фоајето на Национална Опера и Балет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.