„Под ѕвездено небо“ е насловен концертот на кој како солисти ќе настапат солистите Виктор Битоски и Билјана Бајевска вечерва во 19.19 часот во Салон 19:19 во КИЦ во Скопје. Режисер на концертот е Трајко Јордановски.

Освен вокалната интерпретација од страна на солистите, концертот ќе биде збогатен и со разработка на музичките точки од програмата, со што ќе се збогати и оплемени визуелната страна на проектот. Корепетитор е Елена Силјаноска.

Трајко Јордановски е македонски оперски режисер. Ја режирал словенечката оперета „Ковачев студент” во Нова Горица во Словенија со друштвото „Франце Прешерн“ со солисти од МОБ. На малата сцена на МОБ ја постави претставата „Васовалци”. Ги поставил оперите „Слугинка господарка” од Џовани Батиста Перголези и „Орфеј и Евридика“ од Кристијан Вилибалд Глук, додека пак „Веселата вдовица“ од Франц Лехар ја постави на големата сцена на МОБ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.