Вечерва, 25.06.2019, вторник, ќе се одржи концерт на „Загребачки квартет“ со почеток во 20:00 часот во Музеј на македонската борба. Квартетот се состои од Мартин Крпан – виолина, Давор Филипс – виолина, Хрвоје Филипс – виола и Мартин Јордан – виолончело. Влезот е слободен.

Исто така вечерва, со почеток во 21:00 часот ќе биде отворена изложбата „Разоткривање“ на Владимир Лалиќ, која е во соработка со 3Г Доминиум Културно Јадро и Музеј на град Скопје, во Галерија МКЦ.

Изложбата “Разоткривање” не носи низ различни имагинарни содржини на непознатото и различноста во широката сфера на визуелни форми, идентитети, слоеви и приказни. “Разоткривање” е доживување и спознавање на инспирациите на авторот, низ непознатите простори во кои битисува. Акцентот е ставен на бесмисленото талкање на современиот човек во денешно време. Сите цртежи на еден начин претставуваат загатки кои се мешаат со одреденото и неодреденото, и токму поради тоа овој загадочен карактер, на уметничкото дело “ја надживува интерпретацијата”. Загатката, всушност ја претставува содржината на вистината што самото уметничко дело ја носи со себе. Симулакралниот карактер и метафоричните слоеви на сликите, како и предизвикот ‘да се биде со себе и со Другиот во исто време’, е она кое се проткајува во циклусот “Разоткривање” на Владимир Лалиќ. Повторното препознавање на нас самите, повторна средба со Другиот во уметноста, е нешто што, всушност може да не’ доведе до вистинско заедништво. Делата се изработени во комбинирана техника туш и офсет боја на плексиглас, а во некои од делата е имплементирана и звучна подлога.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.