В петок, на 7 декември со почеток во  21,30 часот во „Котур“ Сашко Костов ќе го претстави петиот по ред соло албум „Крик и тишина“.  На концертот Костов ќе свири со бенд составен од: Сашко Костов – вокали, гитара, семпелер и удиралки, Мартина Баракоска – тапани, Андреја Салпе – гитара, Симеон Андоновски – бас, Симон Облешевски – клавијатури.

Албумот „Крик и прашина” на Костов ја создава и проектира сликата за еден универзум полн различни предизвици и емотивни и сетилни, водени најчесто од идејата колку музиката може да биде одговорот на сите прашања.

Сашко Костов со овој албум отвара ново поглавје во неговото истражување на музиката. Не само инструменталниот сопствен предизвик – да се отсвират скоро сите инструменти на албумот, самостојно, туку и со текстовите на македонски јазик… Албумот „Крик и прашина“ е оригинална, автентична, емотивно – експресивна приказна за едно патување низ музичките соѕвездија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.