Македонската група „Проект Жлуст“ по десет години пауза вечер од 21 часот ќе има концерт во „Котур кафе и филм“.

Ќе бидат изведени композиции на членовите Иван Бејков и Џијан Емин, кои се спој на џез, македонски и балкански фолклор, звуци на класичната европска традиција во романтичарски манир.

Специјален гостин ќе биде францускиот музичар Оливје Самуилан, кој беше дел од првата постава на бендот кој важеше за еден од највлијателните состави со голем број одржани концерти и неколку изданија.

Покрај Иван Бејков (контрабас, бас-гитара), Џијан Емин (клавијатури) и Оливје Самуилан (виола), на концертот ќе настапат и Виктор Филиповски (тапани), Ратко Даутовски (перкусии) и Иван Иванов (саксофон, кларинет).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.