Во Црквата „Св. Софија“, во рамките на Охридско лето, вечерва (14 август), со почеток од 21 часот ќе настапи октетот „Игњац Фукс“ во состав Костадин Богданоски-прва виолина, Фросина Богданоска-втора виолина, Хивоте Тадезе-виола, Никола Јовановиќ-виолончело, Александар Тасиќ-кларинет, Виктор Кирченко-хорна, Жарко Перишиќ-фагот и Илин – Диме Димовски-контрабас.

Мешовитиот камерен ансамбл ‘Игњац Фукс’ е формиран во јуни, 2016 по иницијатива на македонско-хрватскиот контрабасист Димовски и на српскиот кларинетист Александар Тасиќ, кога на нивно гостување во Макао со театарско/оперската група ‘Third World Bunfight’ им се укажува можност за дополнителен концерт на камерна музика во соработка со Хонгконгшката пијанистка Жаклин Леунг. Оттаму се јавува идејата за флексибилен ансамбл во кој членуваат најистакнатите класични музичари од бившите југословенски простори. Флексибилен ансамбл значи поголема уметничка слобода во креирањето на програмата за еден концерт и помага во промовирањето на камерната музика, која е врвот на западно-класичниот музички израз. Името на ансамблот е всушност првото име на познатиот Хрватски композитор Ватрослав Лисински кое е воедно и името на концертната сала во која секојдневно работат некои од членовите на ансамблот во Загреб, стои во најавата за концертот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.