Во Националната галерија Даут пашин амам, утре (19 април) со почеток во 20 часот, во рамките на „Денови на македонска музика“ концерт ќе одржат НОЕЛ-АН ДАРБЕЛЕ – виолина, глас (Швајцарија) и РЕНЕ КАМАКАРО – виолончело (Шпанија).

На програмата на дуото Дарбеле/Камакаро се дела од авторите Жан-Лик Дарбеле, Хајнц Холигер, Жорж Апергис, Алфред Цимерлин, како и од македонските автори Бојана Петровиќ – Алексова, Михаило Трандафиловски, а светска премиера ќе доживее и композицијата „Седум автопортрети за виолончело и лента“ (2018) од композиторот Александар Пејовски.
Ноел-Ан Дарбеле (виолина, гласе родена 1980 година во Берн и израснала во музичко семејство. По студиите на Универзитетот за уметности во Утрехт (Холандија) со Карен Турпие, магистрирала на Универзитетот за музика во Женева под водство на Штефан Мументалер, кому сега му е и асистент. Значајно за нејзиното образование биле и работата со Давид Такено, Феликс Андриевски, Бруно Канино и Зигфрид Палм, како и со Јулија Шредер во однос на барокната виолина.

Како солист меѓу останатото настапувала и на Lucerne Festival, Rainy Days Festival со Луксембуршката филхармонија, Musiksommer Ernen, Rencontres Musicales de Champéry, Music Documents Tokyo и на Меѓународниот музички фестивал Тибор Варга во Сион, Светските денови на нова музика.

Покрај нејзината работа како камерен музичар која ја одвела на бројни престижни подиуми во Европа и Азија, Ноел-Ан Дарбеле е многу активна на полето на новата и експериментална музика. Таа е основач на колективот Jetpack Bellerive што нарачува нови дела со фокус на звукот надвор од границите помеѓу новата музика, убавите уметности и изведбата. Основач е и на Nouvel Ensemble Contemporain и работи меѓу останатото со Basel Chamber Orchestra, Collegium Novum Zürich, Gstaad Festival Orchestra и барокниот ансамбл Die Freitagsakademie.

Неодамна, Ноел-Ан издаде ЦД за Challenge records со нејзиниот брат, францускиот хорнист Оливие Дарбеле и пијанистот Бенjамин Енгели.
www.noelledarbellay.com

Роден 1989 во Мадрид, Рене Камакаро (виолончело) почнува да учи виолончело на осум години со Хозе Мигуел Гомез, челист од Триото Арбос. По завршувањето на образованието со него со највисока оценка, бил поканет да го изведе Хајдновиот Концерт за виолончело во Це-дур со Оркестарот Хоакин Турина. На осумнаесетгодишна возраст бил примен на реномираната Guildhall School of Music London каде најпрвин студирал со Луиз Хопкинс, а потоа продолжил на Универзитетот во Берн со Антонио Менезес.

Рене Камакаро има одржано рецитали по цела Шпанија, во сали како National Auditorium, Queen Sofia Auditorium и Juan March Foundation. Исто така настапувал и во центарот Барбикан во Лондон и редовно свири на фестивали во Европа и Швајцарија, каде сега живее. Се појавил и на програма во живо на Шпанското национално радио. Во 2011 година, ја добил наградата Martin Musical Trust Award.

Како камерен музичар, работел со членовите на квартетот Alban Berg, Belcea quartet, Quiroga quartet и Doric String Quartet. Свирел со музичари како Тhomas Indermühle, Gordan Nikolitch, Alexander Dubach, Noëlle-Anne Darbellay и Antonio Meneses. Тој е основач на Швајцарскиот младински камерен оркестар „Soundeum“, кој настапува со уметници како Isabelle van Keulen и Thomas Demenga.

Рене Камакаро премиерно извел неколку дела од современи композитори (Augustín Gonzáles Acilu, Jesus Torres amongst others), а меѓу останатото и самиот компонира.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.