Ник Кејв реши да ја израдува својата публика со концертот „Идиотска молитва“, (“Idiot Prayer”), кој беше снимен во јуни во палатата „Александра“ во Лондон.

Истиот ќе биде прикажан на 23 јули на интернет, објави куќата „Шарм музика“.

Концертот ќе биде прикажан на 23 јули во 20 часот на овој линк. Публиката ќе има можност да го проследи соло изведувањето на Кејв на пијано и за прв пат да слушне некои песни

Билетите за концертот преку Интернет можат да се купат онлајн.

Концертот е во режија на наградуваниот режисер Роби Рајан (“The Favourite”, “Marriage Story”, “American Honey”).

Кејв требаше да одржи концерт со групата „ The Bad Seeds“ во Штарк арената во Белград на 4 јуни. Но, истиот заради коронавирусот е поместен за 15 мај следната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.