Вечерва (среда, 25.12.) во Музејот на македонската борба со почеток во 19 часот концерт ќе одржи ансамблот за современа музика “КонТемпора“. На програмата на концертот со којшто ќе биде затворена успешната концертна сезона на СОКОМ, се соло песни од македонски автори во изведба на наши афирмирани музички уметници.

Програма

Стефан Гајдов – СОНАТИНА
(текст: Гане Тодоровски)
Горан Начевски – баритон, Елена Атанасовска Ивановска – пијано

Жифко Фирфов – ЛЕНКА
(текст: народен)
Александра Коцевска – мецосопран, Мимоза Ќека – пијано

Трајко Прокопиев – ГАЛЕБЕ МОЈ
(текст: Ацо Шопов)
Јане Дунимаглоски – тенор, Емилија Потевска Попивода – пијано

Љубомир Бранѓолица – КАДЕ ДА ОДАМ
(текст: Љ. Бранѓолица, превод на македонски: Иван Карадак)
Александра Коцевска – мецосопран, Мимоза Ќека – пијано

Горан Начевски – ТРИ РЕЛИГИОЗНИ ПЕСНИ
Lacrimosa – Господ е мој пастир – Laudamus te
Горан Начевски – баритон, Елена Атанасовска Ивановска – пијано

Филип Иванов – ЦИКЛУС СОЛО ПЕСНИ
(текст: Блаже Конески)
Жрвта – Грабеж – Разделеност – Трепет – Мраз – Реки – Врв – Тајна
Наташа Миха – сопран, Емилија Потевска Попивода – пијано

Валентина Велковска – Трајановска – БИ САКАЛ
(текст: Милан Јазбец)
Горан Начевски – баритон, Елена Атанасовска Ивановска – пијано

Сотир Голабовски – КРАЈ ЕЗЕРО
(текст: Цане Андреевски)
Александра Коцевска – мецосопран, Мимоза Ќека – пијано

Томе Манчев – САНАТОРИУМСКА БАЛАДА
(текст: Матеја Матевски)
Горан Начевски – баритон, Елена Атанасовска Ивановска – пијано

Формирањето на Ансамблот за современа музика „КонТемпора“ се наметна како повеќе од добредојден чекор за раздвижување на македонската културна сцена, за отворање на видиците кон нови, поинакви културни вредности. Од своето формирање пред неполни шест години до денес, ансамблот „КонТемпора“ ја одржува неопходната интеракција помеѓу македонската музичка култура и светот, претставувајќи ги новосоздадените дела на македонските автори, но и на композитори од останатите делови на светот. Ансамблот брои дваесет инструменталисти со значително искуство во изведбата на современа музика, и во зависност од репертоарот делува во различни инструментални формации. Премиерниот концерт на „КонТемпора“ беше одржан во септември 2014 година во рамки на Генералното собрание на Европската асоцијација на композитори и сонграјтери (ECSA) во Скопје. Во изминатите шест години, составот оствари турнеи во Холандија, Белгија, Австрија, Словенија, Албанија, Бугарија и имаше бројни концерти и настапи на речиси сите значајни фестивали низ Македонија („Денови на македонска музика“, „Скопско лето“, „Златна лира“ и „Есенски музички свечености“), свирејќи со интензитет, желба и посветеност на современото творештво и индивидуални творечки естетики. Ансамблот „КонТемпора“ во досегашното постоење има реализирано и повеќе студиски снимки на новосоздадени дела од композитори од САД, Иран, Италија, Индонезија како и на македонски автори, а на својот репертоар претставил речиси 60 премиерни дела на автори од Македонија, САД, Италија, Индонезија, Велика Британија, но и композиции од музичката литература на 20. век. Ансамблот „КонТемпора“ има реализирано и два компакт диска со дела од македонски автори.

Влезот е слободен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.