Светски познатиот хор на Националната кинеска опера вечерва во Националната филхармонија ќе одржи гала-концерт насловен „Кина се сретнува со Западот“ (20 часот).

Хорот ќе настапи во придружба на пијанистката од Швајцарија, Џао Мелодие, под диригентската палка на Џао Јуан и Џоу Хаоју.

Гала-концертот е во организација на Амбасадата на Народна Република Кина и Координативниот центар за културна соработка меѓу Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа, по повод Четвртиот министерски форум за културна соработка на НР Кина со земјите од ЦИЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.