Најпознатите композиции на култниот состав „Рејдиохед“ вечерва (30 ноември) од 20 часот ќе бидат изведени во Филхармонијата.

Според најавите, проектот под наслов „RADIOHEADJAZZ!“ ќе понуди уникатна содржина – џез-верзии на песните на британската алтернативна рок-група, група која од своето постоење до денес изврши огромно влијание на повеќе генерации музичари ширум светот и донесе прогресивен, иновативен, моќен звук.

Џез-аранжманите на нивните композиции ќе бидат уникатна фузија меѓу различните музички правци, и тоа за првпат ќе биде претставено на македонската музичка сцена.
И овој пат, зад диригентскиот пулт со Биг-Бендот на ЗЏМ, ќе застане врвниот Зиги Фајгл од Австрија, познат на македонската публика од неговите досегашни фантастични настапи со овој ансамбл“, соопштува Здружение на џез музичари и слободни уметници, организаторот на настанот.

Според Здружението, цез-аранжманите на нивните композиции ќе бидат уникатна фузија меѓу различните музички правци, и тоа за првпат ќе биде претставено на македонската музичка сцена.

И овој пат, зад диригентскиот пулт со Биг-Бендот на ЗЏМ, ќе застане врвниот Зиги Фајгл од Австрија, познат на македонската публика од неговите досегашни фантастични настапи со овој ансамбл. Со овој проект, ЗЏМ ја проширува својата репертоарна политика, ги проширува естетски хоризонти, го збогатува својот музички израз и профил насочувајќи се кон една поинаква звучна патека“, се вели во најавата за настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.