Комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети ќе биде изведена на малата сцена во Националната опера и балет, во вторник со почеток во 20 часот.

„Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен, но среќен завршеток. Солистичка екипа ја сочинуваат Александра Лазаровска Василевски како Рита, Јане Дунимаглоски, Кристијан Антовски и Борко Биџовски.

Режисер е Трајко Јордановски, а диригент Андрејa Наунов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.