Книжевниот фестивал „Друга приказна“ ги повикува сите млади љубители на книжевноста и културата да ни се придружат во реализацијата на регионалниот книжевен фестивал „Друга приказна“ #7!

Потребни ни се ентузијастични, љубопитни и ажурни волонтер(к)и кои сакаат подобро да ја запознаат и да се вклучат во книжевната и културната сцена во Скопје и да се подружат со писател(к)и, критичар(к)и, уредници, уметници и теоретичар(к)и од земјава и регионот.

Претходно волонтерско искуство е предност, но не е неопходно.

Волонтер(к)ите ќе имаат можност да се запознаат со процесот на подготовка и реализација на фестивалот, а во зависност од своите знаења и интереси ќе можат да помогнат во различни сегменти од организацијата на настаните, во комуникацијата со гостите, да учествуваат во создавањето медиумски и други текстуални содржини… Фестивалот има предвидено покривање дневница за волонтерите.

Сите заинтересирани може да не’ контактираат на мејлот [email protected]
наведувајќи ги следните информации: име и презиме и телефон за контакт. Рокот за пријавување е 12 август.

Скопскиот книжевен фестивал „Друга приказна“ во организација на издавачката куќа „Темплум“ по седми пат ќе се одржи на 26, 27 и 28 август. Ова година на фестивалската тема НОВА ПИСМЕНОСТ ќе се обединат 30-тина врвни книжевни имиња од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора. Во трите фестивалски дена ќе бидат исполнети со разговори, промоции, уметнички изложби, книжевни читања, предавања, работилници…

Повеќе за претходите фестивалски изданија погледнете овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.