Скалите и платото пред Музејот на современата уметност во Скопје ќе се реконструираат со лична донација од Олга Костовска, претседателка на Надзорниот одбор на Еуролинк осигурување, соопшти Музејот. Донацијата во износ од 600.000 денари е собрана од Костовска и нејзините пријатели, кои за нејзиниот 45. роденден, место подароци донираа пари за реконструкција на приодните скали и платото на Музејот со што ќе се овозможи полесен пристап и нов изглед на платото, кои ќе го направат Музејот поатрактивен за уште поголем број посетители и љубители на современата уметност.

Директорката на музејот Мира Гаќина и донаторката Олга Костовска

Со досегашната поддршка се олеснува реализацијата на редовните годишни активности и досега се реализирани неколку дополнителни проекти како што е отворањето на Музејската библиотека при Истражувачкиот центар при МСУ, издавање каталог на уметникот Петар Хаџи Бошков и реконструкција на бифето во музејот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.