Сметката на Македонската опера и балет ќе биде итно деблокирана со уплата од речиси 15.000 евра за да може институцијата да продолжи со работа, објави „Макфакс“.

Директорот Васе Ристов веднаш побарал помош од Министерството за култура и совет од Владата како да се реши проблемот. Со оваа уплата сметката ќе биде ослободена, но за тоа како и зошто институцијата била втурната во долг од 800.000 евра, ќе се прави дополнителна ревизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.