Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, годинава, во рамките на својата редовна програма, првпат ја претставува современата ирска кинематографија во Македонија.

По тој повод на 20-ти ноември (сабота ), во кино- салата на Кинотека на Македонија, со почеток во 20 часот ќе се одржи свеченост на која ќе присуствува Амбасадорот на Ирска за Романија, Македонија и Молдавија,  Пол МекГери, кој ќе ја отвори свеченоста, а потоа ќе следува проекција на црната комедија „Привлечен ѓавол“ на ирскиот режисер Џон Батлер, соопштија од „Киненова“.

Останатиот дел од програмата на фестивалот, која ја има во фокус ирската кинематографија, во наредните три дена ќе се емитува на телевизија 24, меѓу кои се два филма на прославениот ирски режисер Дејвид Глисон, како и моќниот документарен филм „Глас“ каде наратор е Лијам Нисон.

Оваа ексклузивна програма се реализира во соработка и со поддршка на Ирската амбасада во Букурешт.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.