Академик Катица Ќулавкова на социјалните мрежи реагира на новововедената државна награда 22 ноември (Денот на албанската азбука), во време кога за традиционалната „Гоце Делчев“ државата нема пари.

Распишан е Конкурс за новововедената државна награда 22 ноември (Денот на албанската азбука!), а не беше распишан Конкурс за традиционалната државна награда за наука Гоце Делчев (немало средства е изговорот, ама не ќе да е така). Без одлука ја укинаа „Гоце Делчев“. Која фарса!, пишува Ќулавкова.

Комисијата за доделување на државната награда за наука „Гоце Делчев”, непосредно пред одбележувањето на 4 февруари – денот на раѓањето на Гоце Делчев, oбјави дека доделувањето за 2018 година е откажано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.