Балетските претстави „Кармен” и „Валпургиска ноќ” ќе бидат изведени на 17. јануари со почеток во 20 часот. Двете постановки се специјално подготвени од реномираниот кореограф Габор Кевехази од Унгарија, сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Марија Пупучевска.

Публиката ќе има можност да го слушне прекрасното дело „Кармен” на Жорж Бизе во моќната и несекојдневна оркестрација на Родион Шчедрин како и „Валпургиска ноќ” на Шарл Гуно во изведба на оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Иван Еминовиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.