Издавачкиот центар ТРИ ја почна акцијата „Пишувачки предизвик: Карантински приказни – Антологија на изолацијата“.

Нејзина цел е да се поттикнат и соберат најоригиналните и најинтересните раскази настанати во ова тешко време што сме принудени да го поминеме во изолација и дружење најмногу со себе и сопствените мисли. Со цел да се создаде траен запис за еден од најдраматичните периоди од нашиот живот, „Карантински приказни – Антологија на изолацијата“ има задача да биде хроничар на новото време што го сведочиме и сведоштво за реалноста со која сите сме соочени, соопшти ТРИ.

Издавачката куќа ги охрабрува сите пишувачи – искусни и помалку искусни, да учествуваат во овој интересен предизвик и да праќаат раскази на темата. Нема ограничување во однос на стилот и обемот.

Сите творби ќе бидат внимателно прочитани од редакцијата на ТРИ и ќе бидат објавени во една книга, а за авторите на најдобрите раскази постои можност за подолгорочна соработка со ТРИ. Книгата нема да биде продажна и ќе биде достапна во електронска верзија за сите читатели. Рокот за праќање на творбите е до крајот на април, на [email protected], соопшти ТРИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.