Поради превентивните мерки за заштита од коронавирусот се одложува годинашното 73. издание на Канскиот филмски фестивал, кое требаше да се одржи од 12 до 23 мај. Можно е Фестивалот да биде поместен и да се одржи до крајот на јуни или почетокот на јули.

Одлуката следи по мерките кои ги презеде Владата против ширењето на коронавирусот, како забрана за собирања на над 100 лица. Европската Унија деновиве ги затвори границите, а се откажуваат и голем број авионски летови.

Отворањето на Биеналето на архитектура во Венеција се помести од мај за август, а деновиве се откажа годинашната Евровизија во Ротердам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.