Јубилејните 60-ти Денови на македонска фотографија ќе се отворат на 1 октомври (сабота) во Културно информативниот центар –  Скопје, со почеток од 19:30 часот.

Изложбата ја организира Фото сојуз на Македонија. Ќе можат да се погледнат сите 101 примени и 28 наградени фотографии, одбрани од стручното фотографско жири, Боро Рудиќ, Цветан Гавровски и Владимир Арсовски. Доделувањето на наградите ќе биде во склоп на отворањето на изложбата.

Годинава, за првпат ќе може да се погледне проекција на фотографии од македонски автори во период од 1940-1980 година. Меѓу застапените автори се великаните на македонска фотографија: Благоја Дрнков, Живко Јаневски, Александар Цветиновски, Лазо Величковски, Владимир Плавевски, Роберт Јаки и други.

Изложбата оваа година е дел од манифестацијата Бела Ноќ и е поддржана од Министерство за култура како проект од национален интерес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.