Јован Шурбаноски е назначен за нов вршител на должност директор на Музејот на Македонија, објави весникот „Вечер“ .

Шурбаноски доаѓа на местото на директорот Гордан Николов, кој како што посочија од Министерството „е разрешен поради утврдена работа спротивна на Законот за култура и на Законот за музеите и на Статутот на установата, а по извршен вонреден инспекциски надзор од овластени инспектори за културата“.

Како што посочуваат од Министерството за култура, во законски рок најдоцна од 6 месеци, ќе биде распишан јавен оглас за избор на директор на установата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.