Синоќа „Златна бубамара на популарноста“ добија Јордан Симонов од МНТ за најдобар актер, Тања Кочовска, за најдобра актерка и најдобра претстава „Мој термин“ во режија на Синиша Ефтимов.

Заблагодарувајќи се за наградата, Јордан Симонов меѓудругото истакна:

Посакувам да има помалку политика во уметноста, а повеќе уметност во политиката.

МНТ на својата фејсбук страница рече дека ова е поттик за сите нив.

Трите бубамари за МНТ се поттик за секој наш нареден успех! Благодарност на “Златна бубамара на популарноста” и верната публиката која не следи и подржува.

Најдобра претстава “Мој термин” во режија на Синиша Евтимов
Најдобар актер – Јордан Симонов
Најдобра актерка – Тања Кочовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.