Јана Андреевска, уметнички раководител на манифестацијата „Денови на македонската музика“, даде свој став за бришење на фестивалот со ревидирање на годишната програма од Министерството за култура.

Oва што се случува не може со разумот да се опфати. Не можеме да го разбереме. Морам да кажам дека уште во првата објава на резултатите од конкурствот, нашите средства беа скратени повеќе од половина. Ние се надевавме дека со ревизијата ќе се корегира оваа сума, наспроти тоа се случи вакво нешто, воопшто да не сме присутни на тој список за финансиска поддршка. Во моментов имаме буџет од нула денари за реализација на манифестација, која е посветена на современото македонско музичко творештво. Ние имаме некакви гласови што се случувало таму. Би било неблагодарно да го засноваме јавното мнение на неофицијална гласина. Јас мислам дека пред се треба да се престане не само во ова министерство, туку во цело општество да  именуваат членови на комисии, исклучиво како партиски играчи. Јас немам ништо против одредени функционери да припаѓаат на одредени партии, но мора да се гледа прво нивната компетентност, кажа Андреевска., рече Андреевска во студиото на 1тв и потврди дека има бурни реакции на социјалните мрежи, но и од нејзини колеги во странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.