StandWithUkraine е насловот на изложбата која беше отворена во македонскиот Културно информативен центар (КИЦ) во Тирана на новинарката и воен известувач од Украина, Кристина Атовска.

На изложбата беше прикажан и трејлер за нејзиниот долгомотражен документарен филм.

Украинскиот амбасадор во Тирана, Володимир Шкуров, изрази голема почит кон нас и нашата земја, за сета поддршка и помош во нивната борба за слобода – соопшти македонскиот КИЦ.

На изложбата присуствуваше и македонскиот амбасадор Данчо Марковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.