Во петок, 1 април, во 20 часот, во Галеријата на Младински културен центар Калина Брајковска ја овора својата изложба насловена „Твојата љубов е круна“.

Темата е супер-човек, љубов, слобода. Делата се со големи димензии во веќе препознатлив силен колорит. Доминираат фантастични битија претставени во делата што поседуваат повисока свест и нѐ водат во други димензии. Претставениот човек е примерок на Аватар, кој покажува човек што љуби, што поттикнува, инспирира, човек ослободен од ниските страсти, човек кој е најдобрата верзија на човештвото.

Изложбата трае до 16 април.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.