Изложбата “Раскажани приказни” на двете македонски ликовни уметници, Буба Мешкова Солак и Мирјана Крстева Массетти беше презентирана во Македонскиот културен центар во Истанбул.


Концептот на изложбата е раскажување на нивните две лични приказни како жени уметници, придружени со уште осум иснпиративни приказни на кретивни жени од нивното опкружение кои оставаат трага во времето во кое живеат. Форматите кои наликуваа на големи корици за книги, со попарт портрети на секоја од раскажувачките, беа претставени пред уметничката јавност во Истанбул, на две локации. Првата во Македонскиот културен центар во Истанбул, која свечено ја отвори господинот Рамадан Рамадани, а втората како спонтан арт перформанс се случи на неколку локации низ градот, на плоштадот Таксим, во метро станиците, на улиците.

Идејата да направиме ваков спој на уметноста и женските пораки на едни навистина посебно инспиративни жени на денешницата, дојде спонтано, после некои читања на Јунг, неговите анализи и психоанализи, преку различни архетипови на жени од античките божици пресликани во жените херои на нашето време истакна Солак, која е автор на 13 самостојни изложби и повеќе од 170 групни претставувања во земјата и странство, од кои се издвојуваат оние во Париз, Берлин и Софија.

Таа дипломирала на отсекот графика со конзервација и реставрација на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Живее и твори во Битола. Добитник е на неколку значајни ликовни награди, а во соработка со британскиот моден бренд Хакет изложува во Дубаи, Катар, Кувајт, Бахреин.

Апстрактните цртежи кои ги создадов ја анализираат дуалноста на женската природа, откривајќи ја тајната за креативноста во себе. Беше навистина уметнички предизвик да направиме и спој меѓу две уметнички креативни енергии, таа со поп арт портерите на Буба и мојите апстракции кои напарвија необична синергија со силна порака преточена преку раскажувањата на 10 жени” додаде м-р Мирјана Крстева Массетти која дипломирала на Академијата за ликовна уметност во Благоевград, Бугарија, во класата на проф. Борислав Стоев, 2001 година. Член е на ДЛУМ од 2010 година. Mагистерски студии на ФЛУ- сликарство, во класата на проф. Благоја Маневски, 2018 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.