Патувачката изложба ,,Raffaelo Opera Omnia“ на Рафаело Санти од 19 октомври до 20 декември ќе биде поставена во Археолошкиот музеј.

Македонската јавност ќе има ретка можност да ужива во музејска репродукција на 14 дела од најпознатите портрети на Рафаело Санти (Санцио) од кои два се изложени во најпосетуваниот музеј во Европа, Лувр во Париз, а останатите се изложени во најпознатите италијански галерии: Галериите Боргезе и Барберини во Рим, Галериите Уфици и Палатина во Фиренца и Националната галерија во Урбино. 

Рафаело Санти, заедно со Микеланџело Буонароти и Леонардо да Винчи ја претставуваат тројката на најголеми уметници и великани од високата ренесанса.

Оваа изложба започна да го обиколува светот во 2020 г. со цел одбележувањето на јубилејот, 500 години од неговата смрт.
,,Raffaelo: Opera Omnia” до сега била изложена во Финска, Кина, Тунис, Венецуела, Турција, Јужна Кореа и Приштина.
Изложбата е во соработка со Италијанска амбасада и истата ќе биде отворена за посетители два месеци, до 20.12.2021 г.
Влезот е бесплатен, соопштуваат оттаму.

Оваа изложба е во соработка со Италијанската амбасада и на неа ќе бидат изложени 14 дела, портрети од Рафаело Санти кој претставува еден од трите најпознати уметници во високата ренесанса заедно со Леонардо да Винчи и Микеланџело.

Археолошкиот музеј соопшти дека поради строго утврдените протоколи за настани кои се одржуваат во затворен простор, отворањето на оваа изложба ќе биде од затворен тип со точно одреден број на гости.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.